Србија со аларм за туристите кои патуваат кон Грција: Километарски колони на Евзони

За патниците од земјава кои викендов патуваат кон грчките летувалишта, најдобра стратегија останува поаѓање во доцните попладневни или ноќни часови, кога традиционално има значително помал метеж на преминот Евзони.

Почетокот на летната туристичка сезона донесе големи метежи на граничниот премин Евзони, каде што илјадници туристи во текот на минатиот викенд чекаа со часови за влез во Грција. Во одредени периоди на границата биле формирани колони со десетици автобуси и голем број патнички возила.

Според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ, дополнителен проблем создале прекините во работата на информатичките системи поради краткотрајни прекини на електричната енергија, што довело до значително подолги задржувања од очекуваното. Како што информираат туристичките работници, по интервенциите на надлежните служби состојбата делумно се стабилизирала, па автобусите подоцна чекале меѓу еден и еден и пол час, наместо повеќечасовни задржувања.

Грција најавува мерки за побрз проток

Грчките власти најавиле дека во периодите на најголем сообраќаен притисок привремено ќе го ограничуваат користењето на одредени процедури за евиденција на влез и излез од Шенген-зоната со цел да се забрза протокот на патници. Се очекува и отворање на дополнителни ленти за туристички автобуси, што би требало да ги намали застојите во шпицот на сезоната.

Експертите предупредуваат дека повеќечасовното чекање предизвикува замор, нервоза и намалена концентрација кај возачите. Според сообраќајните експерти, многумина по долгото чекање се обидуваат да го надоместат изгубеното време со побрзо возење, што значително го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. При брзина од 100 километри на час, возилото минува околу 28 метри за само една секунда невнимание.

Совети за патување кон Грција

Планирајте ја рутата однапред и проверувајте ги задржувањата на граничните премини. Размислете за алтернативни премини кон Грција, каде што чекањата често се значително пократки. Избегнувајте патување во најоптоварениот период од 06:00 до 15:00 часот. Правете пауза на секои два часа возење. Пијте доволно течности и избегнувајте нагли температурни разлики. Проверете ја техничката исправност на возилото пред поаѓање. Не користете мобилен телефон додека возите.

За патниците од земјава кои викендов патуваат кон грчките летувалишта, најдобра стратегија останува поаѓање во доцните попладневни или ноќни часови, кога традиционално има значително помал метеж на преминот Евзони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс