Октомври носи два продолжени викенди за сите граѓани

Двата државни празници во месецот овозможуваат тридневни одмори поврзани со сабота и недела според Законот за празници.

Октомври им носи два споени викенди на сите граѓани во Македонија, благодарение на двата претстојни државни празници што отвораат вкупно три слободни денови. Првиот продолжен викенд е токму следниот со прославата на Денот на народното востание, додека вториот пристигнува кон крајот на октомври со Денот на македонската револуционерна борба.

Првата можност за тридневен одмор започнува со 11 Октомври – Денот на народното востание.

Бидејќи празникот се паѓа во недела, согласно законските правила за празници, неработен ден за сите граѓани ќе биде понеделник, 12 октомври. На овој начин се создава низа од три слободни денови што ги поврзува сабота, недела и понеделник.

Вториот празничен датум е 23 Октомври, кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

Овој празник во календарот се паѓа во петок. Тоа значи директно надоврзување на празничниот петок со редовните сабота и недела, што претставува уште еден целосен тридневен продолжен викенд.

Според официјалниот календар на неработни денови, за сите вработени и граѓани во текот на месецот неработни ќе бидат 11, 12 и 23 октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс