Специјална олимпијада Македонија утре ќе ја одбележи Европската фудбалска недела

Под мотото “Силата на партнерствата”, Специјална Олимпијада Македонија ќе организира инклузивен фудбалски настан

Специјална Олимпијада Северна Македонија (СОМ), како водечка спортска организација во
државата која се грижи за спортот за лицата со интелектуална попреченост, и оваа година ќе биде дел
од 26. издание на Европската фудбалска недела (#EFW2026) – годишна иницијатива во рамките на
Специјална Олимпијада Европа – Евроазија (S0EE) која опфаќа низа фудбалски активности што се
одржуваат низ целиот континент.

Настанот ќе се одржи утре, сабота (30.05.2026) со почеток во 9:30 во спортскиот центар на ФК Вардар во населбата Хиподром во Скопје.

Предвидени се фудбалски активности – Тренинг полигони и натпревари (со практична примена на
“unified“ концептот меѓу партнерите и атлетите на Специјална олимпијада Македонија

Во рамките на 26. Издание на Европската фудбалска недела, во над 40 земји, на повеќе од 300 настани,
ќе се стави фокус на фудбалската игра и партнерствата кои преку спортот и фудбалот градат
инклузивни средини.

Под мотото “Силата на партнерствата”, Специјална Олимпијада Македонија ќе организира
инклузивен фудбалски настан, со натпревари и активности во чии рамки учество ќе заземат атлетите
од СОМ заедно со своите “Unified“ партнери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс