Каков feeling имаш кога ќе влезеш во банка? Чекаш, чекаш, а сите некако се бутаат преку ред? Малку е тензично, се работи со пари, ти доаѓаат многу информации одеднаш, а некогаш и односот меѓу вработени и клиенти знае да биде повеќе нервоза отколку помош. Некои велат дека во банка е „многу чисто, дури и премногу“, други дека сè е под ред, чисто и средено, ама сепак нешто недостасува. Недостасува vibe.
Токму затоа Шпаркасе Банка реши да проба поинаку. Во Скопје ја отвори првата експозитура за млади во земјата, Vibe On експозитура за млади, замислена како простор што повеќе личи на место за дружење, едукација и инспирација, отколку на класична банка.
Новата експозитура е создадена по мера на новата генерација, со модерен ентериер, поопуштена атмосфера и концепт што се обидува да го тргне банкарството од строгата формалност. Наместо простор што асоцира на стега, шалтери и тишина, идејата е банката да има повеќе светлина, поопуштени бои, покомотен простор и чувство на слобода.

Одговорите на младите во кампањата пред отворањето беа прилично јасни: банка со добар vibe треба да има ентериер прилагоден за млади, удобни столчиња, книги, списанија, растенија и бои што не личат на аптека, туку на модерен и топол простор. Некои посакаа и телевизор, други замислуваа банка со фонтана и 500 шалтери, а имаше и такви што духовито рекоа дека добра банка би била онаа што „дава бесплатни пари за сите“.
Но, зад шегата стои јасна порака: младите сакаат поинакво банкарско искуство. Не само побрза услуга, туку и поблизок однос, повеќе трпение, насмевка кај вработените и помалку тензија. Затоа Vibe On експозитурата не е замислена само како место за банкарски услуги, туку и како простор за финансиска едукација, поврзување, нови информации и добра енергија.
Vibe On експозитурата е дел од пошироката Vibe On платформа за млади на Шпаркасе Банка, која ги обединува производите, услугите и активностите наменети за младите. Во рамки на платформата се достапни Vibe On пакетот за млади и Vibe On+ пакетот за млади до 28 години, како и специјално креирани кредити, депозити и банкарски решенија приспособени на нивниот животен стил и потреби.

Дополнително, преку Vibe On клубот младите добиваат различни поволности и бенефити, додека Vibe On Edu е претставена како првата платформа за финансиска едукација во земјата. Таа нуди содржини и активности насочени кон финансиска писменост, практични вештини и поддршка при носење на првите финансиски одлуки.
Експозитурата беше отворена со настан осмислен во духот на Vibe On концептот, со музика, интерактивни активности, диџеј-настап, уникатен food performance и дружење со голем број млади посетители. Целиот амбиент го отслика новиот пристап на банката кон младата генерација: поотворен, подинамичен и поблизок до нивниот секојдневен ритам.
„Со оваа експозитура правиме чекор напред во начинот на кој ја градиме врската со младите. Веруваме дека иднината се создава заедно, а токму затоа создадовме простор што нуди многу повеќе од класична банкарска услуга, место за поврзување, инспирација и градење нови можности. Денес, повеќе од 60.000 млади клиенти до 28 години ѝ ја имаат доверено својата финансиска приказна на Шпаркасе Банка, што претставува силна потврда за нашата поврзаност со младата генерација и нивните потреби“, изјави Нина Неданоска, заменик-претседателка на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Со Vibe On експозитурата, Шпаркасе Банка се обидува да постави нов стандард во банкарството за млади: банка во која не се влегува само затоа што мора, туку и затоа што просторот, луѓето и пристапот прават клиентот да се чувствува поприродно, послободно и помалку како да е пред шалтер од минатиот век.
Со овој чекор Шпаркасе се приближи до желбите на младите и отвори експозитура со повеќе светлина, повеќе боја, повеќе насмевки и помалку банкарска стега, простор во кој младите не треба да се чувствуваат како да влегле во институција од минатиот век, туку во место направено по нивна мера.