Поранешниот командант на Револуционерната гарда на Иран и воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран, доколку САД продолжат со војната, ќе им го загорчи животот на Американците и ќе предизвика големи проблеми за американската економија, објави денес американската телевизија Фокс њуз.
„Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе го направи животот на американскиот народ мизерен и ќе предизвика големи проблеми за американската економија“, рече Резаи на прес-конференција.
Тој изјави дека Техеран му предложил на Вашингтон „патот што чини најмалку“ и дека сака фер преговори.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денес на својата социјална мрежа True Social објави дека преговорите со Иран напредуваат добро, но дека мировниот договор мора да им одговара на сите страни.
„Ќе биде голема работа за сите или нема договор – назад на бојното поле и пукање, но поголемо и посилно од кога било досега – и никој не го сака тоа“, рече Трамп во соопштението.
„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани посредници меѓу САД и Иран, објавува дека преговорите денес се забавиле, поради силните позиции на двете страни во врска со нуклеарната програма на Иран и укинувањето на санкциите против Техеран.