Педесетгодишна жена од Куманово се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на крстосница во Скопје.
Педесетгодишна жена од Куманово е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на крстосница во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, несреќата се случила на 14 јуни, околу 15:50 часот, на крстосницата меѓу улиците „Крушевска Република“ и „Мирче Ацев“ во Скопје.
Во пешакот, С.Б. (50) од Куманово, удрило патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г. (56) од Скопје.
Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.