Денес времето ќе изгледа речиси летно, но стабилноста нема да трае долго. УХМР најавува претежно сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови на одделни места се очекува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град.
Температурите ќе останат високи за овој период од годината. Утринските ќе се движат од 9 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 32 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Во Скопје денот ќе почне сончево, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во главниот град наутро ќе се спушти до 13 степени, а преку ден ќе достигне околу 30 степени.
Променливото време ќе продолжи и во наредните денови. Се очекуваат сончеви периоди, но и локален развој на нестабилна облачност, особено во попладневните часови, со дожд, грмежи и засилен ветер.
Најизразена промена се очекува утре, кога под влијание на циклонска активност се прогнозираат поинтензивни врнежи. На места се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар, проследени со грмежи, силен ветер и можност за изолирана појава на град