Search

Со рециклирање на стари рекламни банери до торби за пазарење

Живеењето во време на отпад во изобилство ги инспирира некои компании и луѓе да размислуваат како да му дадат втора шанса на она кое за многумина веќе нема функција. Една таква е и ГИЗ Северна Македонија која дојде на идеја старите рекламни банери да ги преработи во функционални и практични торби за пазараење

„Оваа иницијатива е родена во рамките на нашата групација за корпоративна одржливост GIZ Северна Македонија. Од нашиот подрум собравме банери од проекти кои завршија и со помош на локална компанија од Скопје OMMO Bike Stand ги претворивме во рециклирани торби“, стои на Фејсбук страната на GIZ Северна Македонија.

Исто така од GIZ Северна Македонија ги потсетуваат сите компании да ги отворат своите подруми и да проверат дали чуваат искористени рекламни паноа кои можат да се рециклираат. На тој начин ќе се намали отпадот и истиот ќе добие нова функција.

Вакавата идеја наиде на бројни позитивни коментари, со што се потврди успешноста на замислата на GIZ Северна Македонија од отпад да создаде нешто функционално.

Извор: GIZ North Macedonia

Најново

Последни колумни