ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги потсетува граѓаните дека денеска, 5 јуни, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови за потрошена вода без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат неплатени обврски да ја искористат можноста за подмирување на долгот на рати, без дополнителен трошок по основ на камата.
Акцијата важи и за редовни и за тужени долгови, но не се однесува на органите на државната и локалната власт, државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата, општините или Градот Скопје.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека по истекот на денешниот ден одлуката престанува да важи, по што повторно ќе се применуваат редовните услови за наплата на долговите.
За дополнителни информации, корисниците можат да се обратат до службите на претпријатието.