Словенечкото Министерство за одбрана објави тендер за набавка на 3.000 ракети земја-воздух кои ќе ги користат воените сили за директна поддршка на копнените единици и за редовни обуки. Испораката на првите 1.500 парчиња е предвидена за 2028 година, додека преостанатите 1.500 ракети треба да пристигнат во 2029 година. Одлуката за започнување на оваа набавка е донесена на 2 март годинава.
Станува збор за ракети со оперативен дострел од околу 3.000 метри. Набавените единици се наменети за огноводна поддршка на копнените трупи на словенечката армија, како и за операции во рамки на сојузничките мисии. Покрај за оперативни потреби, пилотите и контролорите на огнот ќе ја користат оваа муниција за секојдневни вежби и симулации.
Официјалните претставници од Министерството за одбрана потенцираат дека финансиските средства за проектот се веќе планирани во воениот буџет за 2028 и 2029 година и се дел од државната програма за развој. Набавката не е директно поврзана со обврската за издвојување на два проценти од БДП за одбраната според стандардите на НАТО, туку претставува редовна процедура за обновување на воените залихи.
Вкупната финансиска вредност на договорот засега не се објавува бидејќи постапката за јавна набавка е во тек. На барање на еден од заинтересираните понудувачи, крајниот рок за поднешување на документацијата е пом поместен и ќе трае до 2 септември.