Постигнат е договор за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје, како и карго железничко поврзување меѓу двете земји,
Ова е резултат на Турско-Македонскиот форум што денеска се одржува во Истанбул, Турција.
Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа “Х” ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.
„На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на “AJet” на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји“ стои во објавата.
Конкретниот датум на почеток на летовите меѓу Скопје и Анкара дополнително ќе биде соопштен.