Прекин во водоснабдувањето ќе има во делови од Центар, Чаир и Гази Баба поради санација на дефект на водоводната мрежа.
Делови од Скопје во сабота, 20 јуни, ќе останат без вода поради санација на дефект на водоводната мрежа на кејот на Вардар и на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
Прекинот ќе започне во 9 часот и се очекува да трае до 22 часот. Со интервенцијата ќе бидат опфатени корисници во општините Центар, Чаир и Гази Баба.
Без вода ќе останат објектите на Македонската академија на науките и уметностите, Основниот кривичен суд Скопје, Младинскиот културен центар, Националната и универзитетска библиотека и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Прекин ќе има и во трговските центри „Мавровка“ и „Ист гејт“, Македонската радио-телевизија, дел од Старата скопска чаршија кај Саат-кулата, како и во населбата Крњево.
Без вода ќе бидат и корисниците на улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, како и на дел од булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
Од јавното претпријатие предупредуваат дека можен прекин или намален притисок во водоснабдувањето ќе има и во делови од Автокоманда, односно во ниската зона кон населбата Камник.
Редовното водоснабдување се очекува да биде воспоставено по завршувањето на санацијата. Граѓаните и институциите во погодените подрачја се препорачува навреме да обезбедат резерви вода за периодот на интервенцијата.