Делови од Скопје и денес повторно ќе останат без струја и вода поради зафати во електродистрибутивната мрежа и дефект на водоводната мрежа. Засегнати се корисници во општините Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари.
Прекин на струја ќе има и во дел од населбата Драчево, во општина Кисела Вода. До 14:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“.
Поради дефект на вентил на улицата „Анкарска“ 11, денеска од 10:15 часот прекин во водоснабдувањето ќе има и за дел од корисниците во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат жителите на улиците „Анкарска“, „Римска“, „Наум Евро“ и „Панче Пешов“, како и делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Атинска“ и „Бахар Мојс“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санација на дефектот, додека снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано по завршување на најавените зафати.