Силна експлозија во фабрика за челик во Турција: Се стравува дека има загинати и повредени

По експлозијата во фабриката „Хабаш“ во областа Алиага, во Измир, избувнал пожар. Според првичните информации, работници можеби се заробени под урнатините, а на терен се испратени бројни пожарникарски и медицински екипи.
Foto: Petros Karadjias/AP

Во фабрика за железо и челик во Измир, Турција, избувнал пожар по силна експлозија. Првичните извештаи укажуваат дека е можно да има загинати и повредени. Експлозијата и пожарот ја зафатиле фабриката „Хабаш“ во областа Алиага, во Измир.

Дописниците на светските агенции објавуваат дека, според првичните информации, има голем број загинати и повредени, како и дека повеќе работници се заробени под урнатините.


На местото на несреќата се испратени бројни пожарникарски и медицински екипи, објави порталот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс