Делови од Скопје денес повторно ќе останат без струја и вода поради најавени технички интервенции на електродистрибутивната и водоводната мрежа.
Според информациите од ЕВН Македонија, без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 31, 102 и 103 во Волково, општина Ѓорче Петров.
Прекин на струја ќе има и во општина Петровец. Од 11:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Катланово, влезот на Катланово и Регионалниот пат.
Покрај прекините на струја, денес ќе има и прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Дане Крапчев“ во Скопје. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улицата „Дане Крапчев“ бр. 26.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Засегнати ќе бидат дел од корисниците на истата улица.