Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и струја поради технички зафати на водоводната и електродистрибутивната мрежа.
Според информациите, поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Ѓорѓи Абаџиев“ број 17, без вода ќе останат корисниците од истата улица. Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираат дека прекинот ќе почне од 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Во исто време, поради закажани технички зафати на електромрежата, без струја денеска ќе бидат и дел од жителите на селото Кучково во Општина Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија најавуваат дека прекинот ќе трае од 9 до 16 часот.
Станува збор за привремени прекини што, според надлежните, се дел од тековни активности за одржување и подобрување на мрежата.