Триесет и шестгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил пресретнат, физички нападнат и однесен на неколку локации, по што бил оставен во селото Шишево.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 12 јуни во 21:30 часот во СВР Скопје. Пријавителот Д.Е. од скопско навел дека околу 14:00 часот, додека се движел со патничко возило „мерцедес“ на подрачјето на Карпош, бил пресретнат од три возила.
Како што е наведено во пријавата, станува збор за возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, управувани од Р.Б., М.Б. и Б.Б. Според пријавеното, Р.Б. физички го нападнал Д.Е. и му нанел тешки телесни повреди.
Потоа, како што пријавил оштетениот, бил ставен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.