Search

„Скејтирање не е за девојчиња”, нов филм на Дина Дума

 

Новиот долгометражен филм „Скејтирање не е за девојчиња” на режисерката Дина Дума започна да се снима на неколку локации во Скопје. Проектот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Белгија и Словенија од каде доаѓа и креативната техничка екипа.

Приказната е сместена во енергичната ромска заедница Шуто Оризари и ги следи трите генерации жени додека се движат низ судирот меѓу традиционалното и модерното, преку животите и преку играта на талентираните жители на Шуто Оризари. Низ светогледот на 12 годишната Адела, филмот ни отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата. 

Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, коавтори Лидија Мојсовска и Теона Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

Филмот го започна снимањето на 2-ри април, 2024 година.

Најново

Последни колумни