Скандал во американската Тајна служба: Агент суспендиран поради протекување детали за патувањата на Ванс

Службеник од тимот за обезбедување на потпретседателот Џеј Ди Ванс е под истрага поради сомнежи дека на медиуми им открил доверливи информации за неговото движење и приватни планови.


Агент на американската Тајна служба, кој бил дел од тимот задолжен за безбедноста на потпретседателот Џеј Ди Ванс, е суспендиран и отстранет од должност поради сомнежи дека на медиуми им доставувал доверливи информации.

Против агентот е отворена интерна истрага, а надлежните проверуваат дали се прекршени безбедносните процедури. Според американските медиуми, случајот е поврзан со објава во која биле откриени детали за приватни патувања и движења на Ванс, вклучително и планирано патување со воен хеликоптер.

Објавувањето на оперативни информации предизвика реакции во Тајната служба, ФБИ и Белата куќа. Засега не е познато дали случајот ќе заврши само со дисциплинска постапка или ќе следуваат и кривични пријави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс