Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди Сулавеси, издадено предупредување за цунами

По земјотресот, надлежните служби издадоа предупредување за опасност од цунами и внимателно ја следат состојбата во крајбрежните области.

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според првичните информации, епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, што ја зголемува можноста за почувствителни последици на површината.

По земјотресот, надлежните служби издадоа предупредување за опасност од цунами и внимателно ја следат состојбата во крајбрежните области.

Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета. Локалните власти ги повикаа жителите да ги следат упатствата на службите за итни ситуации и да останат внимателни додека трае проценката на ризикот. Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, една од сеизмички најактивните зони во светот, каде што земјотреси и вулкански ерупции се честа појава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс