Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил во морето, на длабочина од 10 километри, во близина на островот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос.
И покрај силниот потрес, не е издадено предупредување за опасност од цунами.
Според сведоштва на граѓани објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силно почувствуван и траел подолго од вообичаеното.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.