Внимание: Работа од 9 до 5 или „Фриленс хаос“?

Работа од 9 до 5 или фриленс хаос? Граѓаните откриваат што би избрале – фиксно работно време или поголема слобода.

Фиксно работно време и сигурна рутина или слобода сами да одлучувате кога и како ќе работите? Граѓаните одговараат на дилемата – „Работа од 9 до 5 или Фриленс хаос?“

„Фриленс хаос, работа од 9 до 5 никако…“, вели еден од граѓаните.

Друг одговор е: „Никако работа од 9 до 5, фриленс… зашто имам повеќе слобода“.

Но, има и такви кои би ја избрале класичната работа со фиксно работно време:

„Од 9 до 5, да се социјализираш“.

За дел од граѓаните, пак, најважниот аргумент во оваа дилема е слободата.

„Слободата е нешто што не може да се купи со пари, секој што сака да добие слобода, треба да гради нешто свое…“

„Искрено, јас би избрала фриленс, немам трпение да седам од 9 до 5…“, вели една од анкетираните.

Друг граѓанин посочува:

„Фриленс, сам си одговараш за себе, полесна опција е од 9 до 5, но помалце слобода“.

А за друг изборот е јасен:


„Фриленс хаос, тоа ми е најубаво, мислам дека нема подобро, да си одлучиш кога си имаш слободно време, кога си работиш“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс