Фудбалската репрезентација на Швајцарија ќе биде значително ослабена во четвртфиналниот натпревар против Аргентина на Светското првенство 2026, бидејќи нема да може да смета на својот најдобар стрелец Јохан Манзамби.
Дваесетгодишниот напаѓач сè уште не се опоравил од повредата на коленото, која ја заработил на тренинг, поради што ќе го пропушти и вториот натпревар по ред. Манзамби поради истата повреда не настапи ниту во осминафиналето против Колумбија, во кое Швајцарците се пласираа понатаму по победата од 4:3 на пенали.
Јакин: Ќе ни недостига
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, потврди дека Манзамби нема да биде подготвен за настап. „За жал, сè уште не можеме да сметаме на Манзамби и тоа ќе биде голем хендикеп за нас“, изјави Јакин во пресрет на четвртфиналето.
И покрај тоа што пропушти еден натпревар, Манзамби досега е најдобриот играч на Швајцарија на Мундијалот.
Во досегашниот тек на турнирот постигна: 3 гола и 2 асистенции
За сениорската репрезентација на Швајцарија досега има 16 настапи и 6 постигнати голови. Натпреварот меѓу Аргентина и Швајцарија ќе се одигра во Канзас Сити, во ноќта меѓу сабота и недела, со почеток во 03:00 часот по средноевропско време.