Девет членови на семејството на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди поднесоа тужба против администрацијата на Доналд Трамп за да ја спречат изградбата на триумфалната порта што претседателот планира да ја подигне во Вашингтон, објави Танјуг, повикувајќи се на Би-би-си
Според тужителите, градбата висока 76 метри трајно би го нарушила погледот кон историски значајни места на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија. Тие тврдат дека портата би го закрила погледот кон гробот на Кенеди и кон гробовите на илјадници ветерани, со што би се променило и доживувањето на посетителите на гробиштата и спомениците.
Меѓу тужителите се седум деца на Роберт и Етел Кенеди, нивниот внук и поранешен демократски конгресмен Џо Кенеди, како и Едвард Кенеди Помладиот, син на Тед Кенеди.
