Пет пријави за семејно насилство во едно деноноќие: полицијата интервенирала во Скопје, Неготино и Виница

Полицијата регистрираше пет пријави за семејно насилство и закани во Скопје, Неготино и Виница. Три лица се приведени.

Полицијата регистрираше пет пријави за семејно насилство и закани во Скопје, Неготино и Виница. Во три од случаите лица се приведени, а МВР најавува соодветни пријави по целосно документирање.

Во Скопје, 33-годишна жена пријавила дека по расправија во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

Во друг случај, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 50-годишниот И.И. од скопско, откако неговата 46-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал во домот.

Во Неготино, полицијата го лишила од слобода 18-годишниот И.А., по пријава од неговата мајка дека физички ја нападнал и им се заканувал нејзе и на неговиот малолетен брат. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи.

Дополнително, 43-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот сопруг, со кого не живее заедно, физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка.

Во виничко село, пак, бил приведен 37-годишниот Н.П., откако било пријавено дека заедно со неговата мајка физички ја нападнале неговата 22-годишна сопруга.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи, а по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс