Почна снимањето на „Врзани“, краткометражен филм во режија на Сара Климоска

Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“, во режија на Сара Климоска, а во продукција на „Унита Филм“.

Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“, во режија на Сара Климоска, а во продукција на „Унита Филм“.

Филмот ја следи приказната за Ева, млада жена која живее растргната меѓу грижата за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го земе сопствениот живот во свои раце.

Кога неочекуван сплет на околности ќе ја доведе пред одлука што изгледа невозможна, Ева мора да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната слобода.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Лео Поповиќ и Ана Костовска.

Директор на фотографија е Александар Крстевски, сценографијата е на Симе Атанасиевиќ, костимографијата на Жаклина Крстевска, а шминката е на Снежана Ангеловска-Живковска.

Продуцент на филмот е Вардан Тозија, ко-продуцент е Лидија Ивановски, а како партнери на проектот се јавуваат „Другата Страна“ и „Млекара Јока“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс