Општина Демир Хисар в сабота, на 10 октомври, организира „Саем за пчеларство и пчелни производи – Демир Хисар 2026“. Настанот ќе започне во 10:30 часот на Градскиот плоштад, со цел да се промовираат домашното производство, природниот мед и традиционалните производи од демирхисарскиот и поширокиот регион.
На штандовите на плоштадот посетителите ќе можат директно да купат различни видови мед и пчелни производи, но и да разговараат со пчеларите за процесот на производство и предизвиците со кои се соочуваат на терен.
Општината го организира саемот со цел да им даде директен простор за пласман на малите производители од регионот. Организаторите најавуваат дека настанот ќе биде збогатен и со културно-уметничка програма, каде што ќе настапат членовите на КУД „Илинден“ од Демир Хисар.