Трамп го крати траењето на престојот за странски студенти и новинари во САД

Фото: Gage Skidmore/Flickr

Американската влада одлучи да го скрати времетраењето на престојот на странските студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, се наведува во владин документ објавен денес. Станува збор за нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на актуелните власти.

Според новите правила, кои би требало да стапат на сила во рок од два месеца доколку поминат низ Конгресот, на странски државјани носители на студентска виза нема да им биде дозволен престој на американска територија подолг од четири години.

За странските новинари, престојот би се скратил на максимум 240 дена, односно околу осум месеци, со можност за поднесување барање за продолжување за период со исто траење.

За кинеските новинари ќе важи посебно рестриктивна рамка, при што нивните визи ќе бидат ограничени на само 90 дена.

САД досега им издаваше визи на студентите со рок на важност колку што трае нивното студирање, а на новинарите до пет години, пишува France Presse.

Новата мерка, која владата ја предложи уште минатата година, ќе влијае врз новинарите акредитирани при стотици странски медиуми во САД.

Бројни меѓународни медиуми во отворено писмо предупредија дека таа одлука би „го намалила опфатот и квалитетот на известувањето” за актуелните настани во САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс