Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД мора да спречат ширење на ебола на американска територија, поради сериозната епидемија што моментално ја погодува Демократска Република Конго.
„Не можеме и нема да дозволиме ниту еден случај на ебола да влезе во САД“, изјавил Рубио на состанок на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Reuters.
Според податоците што ги објавија американските власти, досега се регистрирани околу 900 заразени лица, а постои сомнеж за повеќе од 220 смртни случаи поврзани со епидемијата. Рубио нагласил дека американските институции, меѓу кои CDC, Стејт департментот и Министерството за здравство, активно работат на ограничување на кризата директно во погодените региони во Африка.
Како дел од превентивните мерки, CDC минатата недела воведе 30-дневни ограничувања за влез во САД за патници кои во последните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. Дополнително, патниците од овие земји ќе бидат подложени на засилени проверки на неколку американски аеродроми.