Search

,,ReTuna’’- првиот трговски центар за рециклирање во светот

,,ReTuna’’ е првиот трговски центар за рециклирање во светот што го означува почетокот на шопинг револуцијата за заштита за животната срединa. На старите предмети им се дава нов живот преку поправка и надградба. Сè што е продадено или се рециклира или е произведено органски и одржливо.

Трговскиот центар ги отвори вратите во август 2015 година и се наоѓа веднаш до центарот за рециклирање во градот. Ова им олеснува на посетителите да ги остават несаканите и повеќекратно употребливи предмети во депото на трговскиот центар.

Вработените сортираат што е употребливо, а што не, а потоа ги дистрибуираат задржаните предмети во продавниците на трговскиот центар. Вработените во продавницата потоа вршат понатамошно сортирање, избирајќи што сакаат да поправаат, конвертираат и подобрат за на крај да може да го продаваат. На овој начин на предметите им се дава нов живот.

Трговскиот центар ,,ReTuna’’,исто така, води едногодишна програма за едукација во просториите наречена „Recycle Design “, учејќи ги студентите за дизајнот и како да ги обновуваат донираните предмети. Исто така, организираат настани, работилници, предавања, тематски денови а сето тоа се фокусира на одржливоста.

Извор: ReTuna: The World’s First Recycling Mall | News – Smart City Sweden

Најново

Последни колумни