Две лица во одделни случаи пријавиле дека биле физички нападнати и ограбени на подрачјето на Центар, информира МВР. Во едниот случај била нападната 70-годишна жена, а во другиот 68-годишен маж.
Првиот случај бил пријавен на 7 јуни во 12:05 часот во СВР Скопје. Р.Д. (70) од Скопје пријавила дека на 6 јуни околу 21:30 часот, во влез од зграда на подрачјето на Центар, две лица физички ја нападнале.
Според пријавата, при нападот едно од лицата употребило тврд предмет, по што на жената ѝ бил одземен паричник со пари.
Истиот ден, во 16:30 часот, во СВР Скопје бил пријавен уште еден случај. А.П. (68) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две машки лица.
Додека бил нападнат, женско лице кое било со напаѓачите му одзело пари од паричникот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи