Пукање во Њујорк: ранети осум лица, меѓу нив четири деца

Во пукање на Кони Ајленд во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста се ранети осум лица, меѓу кои четири деца. Полицијата го истражува случајот, а мотивот и сторителот сè уште се непознати.

Во Њујорк за време на прославата на американскиот Ден на независноста се случи пукање во кое беа ранети најмалку осум лица, меѓу кои и четири деца. Инцидентот се случил доцна во саботата во областа Кони Ајленд во Бруклин, потврди њујоршката полиција (NYPD).

Според информациите што ги пренесува ABC News, полицијата интервенирала околу 22:37 часот по локално време по пријави за пукање на улицата West 31st. Сите повредени биле итно пренесени во болница. Меѓу жртвите има двајца мажи, две жени и четири деца на возраст од 6, 7, 12 и 14 години. Седум лица се во стабилна состојба, додека 21-годишна жена е во критична состојба.

На местото на настанот било пронајдено огнено оружје, но полицијата сè уште не извршила апсења. Истрагата е во тек, а мотивот засега не е познат. Инцидентот се случил во време кога Соединетите Американски Држави ја одбележуваа 250-годишнината од независноста, со бројни јавни прослави низ целата земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс