Инцидент во скопско Шишево: маж извадил пиштол и пукал кон соселанец

Полицијата уапси 43-годишник од скопското село Шишево по пријава дека пукал со пиштол кон соселанец и му нанел повреда во пределот на увото.
Фото: mvr.gov.mk

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од скопското село Шишево, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и го повредил.

Како што информираат од МВР, околу 16:10 часот И.Ш. од Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А. Според пријавата, Г.А. извадил пиштол и испукал кон него, при што пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото.

По пријавата, полициските службеници презеле мерки и го лишиле од слобода Г.А.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс