Вооружен маж отвори оган пред училиште во Турција, ранети се ученици

Напаѓачот пукал со пушка кон учениците додека влегувале на настава во градот Тургутлу, полицијата сè уште трага по мотивите.

Најмалку четири лица, меѓу кои повеќето се средношколци, се ранети утринава откако вооружен маж отвори оган пред средно стручно и техничко училиште во градот Тургутлу, западна Турција. Инцидентот се случил во моментот кога учениците пристигнувале на настава, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил во утринските часови непосредно пред влезот на училишниот комплекс во Тургутлу, во провинцијата Маниса. Според турските медиуми, напаѓачот носел пушка и директно пукал кон групата ученици што се движеле кон училиштето.

Веднаш по пукањето, пред училиштето пристигнале полициски сили и повеќе возила на брзата помош. Повредените со медицински возила биле префрлени во најблиските болници за укажување лекарска помош.

Канцеларијата на гувернерот на Маниса официјално го потврди оружениот напад пред стручното училиште. Турската телевизија „Хабертурк“ објави дека меѓу четирите повредени лица најголемиот дел се малолетни ученици.

Полицијата го обезбедува просторот околу училиштето и врши увид. Идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот засега не се познати, а надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс