На денешен ден, 23 април 2005 година, еден од основачите на YouTube, Џавед Карим, постави кратко видео наречено „Јас во зоолошката градина” и тоа беше сè што требаше за да започне нова ера на интернетот.
Снимката трае само 18 секунди. Нема сценарио, нема монтажа, нема продукција. Карим едноставно стои пред кафез со слонови во зоолошката градина во Сан Диего и зборува за нивните сурли. Но сепак, тој необработен момент стана темел на платформата која денес брои над две милијарди активни корисници.
Видеото не стана вирално веднаш, но покажа нешто револуционерно за тоа време: дека споделувањето видео содржина на интернет може да биде едноставно и достапно за секого.
Дваесет и една година подоцна, историскиот клип има повеќе од 388 милиони прегледи, а каналот на Карим следат над шест милиони претплатници.