Првомајски протест утре ќе го блокира центарот на Скопје

Поради протестот на ССМ на 1 Мај, ќе има посебен сообраќаен режим на повеќе улици во центарот на Скопје.

По повод Меѓународниот ден на трудот, утре, 1 мај, со почеток во 11 часот, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе организира протестен марш низ центарот на Скопје, поради што ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Протестот ќе започне пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, а колоната ќе се движи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11-ти Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“, булевар „ВМРО“ и булевар „Илинден“, сè до Владата.

Од МВР информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го регулира движењето на возилата на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на протестот.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и да користат алтернативни правци низ централното градско подрачје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни