Пронајдена бугарската државјанка која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина

„Денеска во 14:50 часот, исчезнатата жена е пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба“ соопштуваат од ЦУК

ЦУК инфомира дека во текот на вчерашните вечерни часови, од ПС Попова Шапка било пријавено исчезнување на 37-годишна државјанка на Република Бугарија, која била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв

Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила со нив и дека немаат информации за нејзината локација. По пријавувањето, веднаш беше започната потрага.

„Центарот за управување со кризи во текот на целата акција ја координираше потрагата со надлежните институции и екипи на терен, со цел што побрзо пронаоѓање на исчезнатото лице.

Во потрагата беа ангажирани припадници на Специјалните единици од Скопје, ПС Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Беа употребени и два дрона со термални камери, а во потрагата се вклучија и полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“.

Денеска во 14:50 часот, исчезнатата жена е пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба“ соопштуваат од ЦУК

е-Трн да боцка во твојот инбокс