Во понеделник, на 21 октомври во 19.00 часот, во КСП Центар -Јадро, ќе се одржи Промоција на списание „ШОК“, приказна за сите нас, во организација на неформалното друштво „Дума ин Сума“.
„Ова лето одржавме уште една од серијалот работилници за креативно пишување со млади – „Поетиката на периодиката“ и наполнивме една година. ШОК- от е и наш и ваш. Во една година како „Дума ин сума“ одржавме пет бесплатни работилници за креативно пишување со млади (Скопје и Битола), имавме три изложби и една промоција. А место торта – ШОК! Печатен доказ со шарени букви врз историја, комплетно архивирана лудорија. Од оваа работилница, во големо исчекување на сите, изпечативме весник. Низ неговите тенки и шарени страници, забава и по нешто паметно може да прочита секој“ велат од Дума ин Сума.