Иднината на работата се менува: бесплатни панел дискусии за професиите и вештините што доаѓаат

Кои знаења ќе бидат највредни на пазарот на трудот и како вештачката интелигенција ќе влијае врз професиите што ги работиме денес? На 24 и 25 август, „Семос Академии“ организира бесплатен дводневен настан со повеќе од 20 професионалци од различни индустрии.
Screenshot

Пазарот на трудот брзо се менува, а со него се менуваат и знаењата и вештините што се бараат од професионалците. Токму на овие прашања ќе се посвети дводневниот настан „Што е следно? Знаење. Вештини. Кариера. Иднина.“, кој на 24 и 25 август го организираат „Семос Академии“.

Настанот ќе понуди четири панел дискусии и разговори со повеќе од 20 професионалци од различни индустрии, кои ќе споделат искуства од својата работа и ќе зборуваат за знаењата што денес имаат најголема вредност.

Програмата е наменета за ученици, студенти и родители, но и за професионалци кои размислуваат за промена на кариерата, надградба на знаењата или стекнување нови вештини.

Учеството е бесплатно, со претходна пријава, а настанот ќе се одржи во двата дена од 18:30 до 20:30 часот.

Креативноста како професионална предност

Првиот ден, 24 август, ќе биде посветен на креативните професии и успешните професионални приказни.

Панелот „Вештини кои прават разлика во креативните кариери“ ќе ги опфати областите на визуелните ефекти, внатрешниот и графичкиот дизајн, корисничкото искуство и дизајнот на кориснички интерфејс, веб дизајнот, дигиталниот маркетинг, човечките ресурси, проектниот менаџмент, лидерството и продажбата.

По него ќе следува разговор за професионалните искуства и начинот на кој стекнатото знаење може да се претвори во конкретни резултати и професионален развој.

Фокусот ќе биде ставен и на практичните аспекти на овие професии, односно на тоа што навистина се бара од луѓето кои сакаат да започнат или да напредуваат во овие области.

Вештачката интелигенција го менува пазарот на трудот

Вториот ден, 25 август, ќе биде посветен на технологијата, податоците и вештачката интелигенција.

Панелот „Револуцијата во податоците и АИ“ ќе се занимава со развојот на вештачката интелигенција, практичната примена на податоците и влијанието на овие технологии врз различни професии и индустрии.

Посебно внимание ќе биде посветено на прашањето како професионалците треба да се приспособат на промените што ги носи АИ и кои знаења можат да им помогнат да останат конкурентни во иднина.

Програмата ќе продолжи со панелот „Градејќи го дигиталниот свет“, посветен на сајбер безбедноста, развојот на видеоигри, развојот на веб апликации и податоците и вештачката интелигенција.

Низ директни разговори со професионалци кои работат во овие области, посетителите ќе можат да добијат подобра слика за тоа како изгледаат современите кариери и кои чекори се потребни за влез или напредување во индустриите.

Дводневниот настан ќе се одржи на 24 и 25 август од 18:30 до 20:30 часот. Учеството е бесплатно со претходна регистрација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс