Совети за природна нега во летните горештини

Во интервју за Трн, Tilia Organica споделува совети за природна летна нега – како да ја заштитиме кожата од сонце, сушење и иритации.

Зад рачно изработената природна нега на Tilia Organica стои Татјана Харалампиева, која веќе долги години ја претвора грижата за кожата во вистинска уметност. Со состојки од природата, дел од нив одгледувани со љубов во нејзиниот двор, таа создава производи што ја негуваат кожата нежно, внимателно и природно.

Во разговор за Трн, Татјана споделува практични совети за нега на кожата во летните горештини – како да ја заштитиме од сонце, сушење, море и базен, кои природни состојки најмногу помагаат и што треба да стане дел од нашата летна рутина.

Трн: Што најмногу ѝ треба на кожата во лето, кога температурите се високи, а сонцето е посилно?

Тања: Кожата е нашиот најголем орган преку која ги примаме сите надворешни дразби, без оглед дали се тоа убави, пријатни, агресивни, надразнувачки итн. Летото ни носи преубави можности да уживаме и да примаме повеќе витамин Д3, кој пак ни овозможува не само да бидеме здрави од внатре, туку и да блескаме со убава и негувана кожа.

Кожата во лето е жедна за хидратација, но и заштита од јаките сончеви зраци. Затоа секогаш кога престојуваме надвор потребно е да ја заштитиме со крем кој ќе ни ги даде и двете-хидратација и заштита. Kремите со заштитен фактор многу често ја сушaт кожата, па кога истата ќе биде дехидрирана подолг период, потешко е да се врати балансот на хидролипидниот слој.

Затоа крема која дава хидратација и заштита од сончевите зраци како две во едно се најдобра комбинација за да ја одржиме кожата убава, мека, сјајна и здрава.

Под хидратација не мислам само на нега на кожата со препарати, туку и хидрирање со течности.

Јас не сум поборник да пиеме течности повеќе од што ни бара телото. Тоа секогаш кажува кога и колку му треба. Така и кожата на лицето и телото ќе биде хидрирана, свежа и здрава и на тој начин ќе може да ги впие хранливи состојки од препаратите кои ги нанесуваме.

Трн: Како да ја негуваме кожата по изложување на сонце, море, базен или долги часови надвор?

Тања: Секогаш кога ќе бидеме подолго време изложени на сонце, море, базен, кожата екстремно ја губи влагата и на некој начин овие прекрасни благодети можат “да ја истрошат кожата“ доколку не внимаваме.

Морето и сонцето се здравје и убавина за кожата, но мораме секогаш да бидеме внимателни по долго изложување на сонце и долги часови во вода, бидејќи сончево зрачење, солта, ветерот и топлината доведуваат до екстремно губење на влагатата и липидниот слој.

Солта од морето има исклучително антисептичко дејство и може да помогне во различни состојби на кожата, но доколку не ја измиеме од нас, таа продолжува да ни ја дехидрира кожата. Затоа, често имаме чувство дека кожата ни е прекрасна и затегната додека сме на море и сонце, а кога ќе се вратиме дома ни е сува.

Хлорот од базените е добар за дезинфекција, но на некој начин ги “вади“ природните липиди од кожата, па истата секогаш после користење на базен ја чувствуваме затегната и сува, а понекогаш знае да се перута и да чеша.

Кожата природно има заштитен слој кој ја чува влагата и и овозможува да биде хидрирана и заштитена од бактерии. Доколку овие благодети не ги користиме правилно и не внимаваме, можно е да направиме дисбаланс на PH вредноста на кожата па истата да стане поранлива и поподложна на иритации и воспаленија.

Кожата на лицето е секогаш потенка и почувствителна, па полесно се суши и иритира, додека кожата на телото е поотпорна, но може да стане сува по долго изложување на сонце, море и базен, посебно на нозете и рацете.

Затоа мој предлог е секогаш кога влегуваме во вода, да ставиме крем и тоа на влажна кожа, кој малку од малку ќе даде заштита на веќе постоечката бариера на кожата.

По излегување од вода да ја измиеме солта од телото за да може да ја заштитиме од понатамошна дехидратација и повторно да нанесеме крем за хидратација со заштитен фактор.

На сонце никогаш да не излегуваме без крем со заштитен фактор, без оглед дали станува збор за кожата на лицето или телото, а освен крем јас секогаш сметам дека треба и физичка заштита, односно соответна капа, шешир, очила и лесна облека која го покрива телото.

Трн: Кои природни состојки се најдобри за смирување, хидратација и заштита на кожата во летниот период?

Тања: Како бренд кој се занимава со производство на органска козметика од состојки кои најчесто ни ги дава природата, најголем акцент за смирување, хидратација и заштита на кожата даваме на невен, камилица, лаванда, смиљ, маточина и алое вера. Тоа се билките на кои најмногу им верувам кога станува збор за смирување и омекнување на иритирана кожа, а алое вера за хидратација на кожата.

Додека не почнав да се занимавам со производство на органска козметика, никогаш немав претстава каква билка е невенот. Секогаш го гледав по дворови од куќи, но се додека не почнав да го ставам во производите, не знаев колку добро делува за смирување и омекнување. Во комбинација со камилица и лаванда, даваат неверојатно брзо и смирувачко дејство.

Алое Верата го завзема првото место за хидратација и смирување на воспалена и од сонце иритирана кожа. Доволно е само малку да нанесете од сокот од листот на алое вера и веднаш добивате релаксирачки ефект, а утредента црвенилото од кожата веќе е во голема мера смирено.

Исто така ладно цедените масла од бадем, семки од кајсија, кокосово масло, нерафинираните какао и шеа путер се неверојатно добри за природна хидратација, смирување и заштита на липидниот слој на кожата.

Трн: Кои се најчестите грешки што ги правиме со негата на кожа во лето?

Тања: Многу се радувам што долго размислував што да одговорам на ова прашање, бидејќи кога подлабоко ќе анализирам, луѓето се помалку прават грешки со нега на кожата во лето.

Едноставно се интересираат, читаат, прашуваат, се консултираат и нормално сакаат да си ја зачуваат кожата природна, свежа и здрава, па вложуваат напори да ја негуваат на најдобар можен начин со состојки од природата.

Често пати кога сакаат да нарачаат некој производ знаат да ме прашаат какво е моето размислување за одреден производ, кој би бил соответен за во лето, за во зима, каков совет би им дала и на каков начин истиот да го користат за да можат да ги извлечат сите бенефити од производот.

Како најчеста грешка според мене, не само во лето, туку и во другите годишни времиња е секојдневно користење на пилинг за лице. Пилингот за лице е одличен избор ако се користи еднаш до два пати неделно и тоа благ, нежен пилинг.

Тилиа Органика има благ пилинг со брашно од семки од бадем кој нежно ги отстранува мртвите клетки и и овозможува на кожата да ги искористи состојките од кремата или серумот кој потоа се нанесува затоа што и дава простор истите да ги “впие“. Но, сепак на своите потрошувачи секогаш им нагласувам дека убаво е еднаш до два пати неделно да се користи за да не се наруши природната липидна бариера на кожата.

Трн: Каква нега препорачувате за чувствителна, сува или мрсна кожа во лето?

Тања: Секоја е кожа е различна и секоја кожа има потреба од различни состојки кои ќе и направат да се чувствува убаво, да не и тежи производот кој го нанесува или да не ја затегнува, да не ја масти или да ја иритира.

Чувствителната кожа може да биде и масна и сува. И на двете им треба хидратација и правилен липиден баланс за да може да функционира добро и да изгледа здраво и свежо.

Смирувачките состојки како невен, камилица, смиљ, лаванда и други ќе помогнат и за едниот и за другиот тип на кожа.

Многу често се плашиме кај масната кожа да употребиме маслен серум, затоа што “ каде масна па уште и масло“, но маслените серуми неверојатно добро делуваат на масната кожа доколку правилно ги користиме.

Секогаш предлагам маслениот серум да се стави на добро исчистена мокра кожа, бидејќи влагата на лицето и маслото од серумот прават блага емулзија и овозможуваат побргу да се впие во кожата и да не остане “тешка и масна“.

Јас сум поборник и на комбинирање на два производа одеднаш. На пример некоја крема ни дава само хидратација, но нашата кожа бара и нешто помасно. Во таков случај можете да си искомбинирате на едно нанесување 2 до 3 капки од маслен серум со хидратантна крема и заедно да ги нанесете на лицето. Или пак ноќната крема не секогаш мора навечер да се става, може и преку ден доколку ни е пријатна и доколку чувствуваме дека “ни легнала“ и за преку ден.

Трн: Кои производи од Tilia.Organica би ги препорачале како дел од основна летна рутина?

Тања: Tilia. Organica има многу производи на кои е исклучително горда од причина што во изминатиот период со постојана работа и залагање да произведува нешто што ќе ги израдува луѓето, создаде огромен круг на потрошувачи и редовни клиенти кои го потврдуваат квалитетот и постојано ја изразуваат довербата кон производите на tilia.organica.

Најмногу се радувам кога секојдневно ќе ми пишат за позитивните ефекти, за пријатното чувство, без иритации и сензитивност на состојките и кога ќе ми кажат-купив друго, ама некако пак си се враќам на твоето, зашто кожата ми ги сака твоите производи. Тогаш срцето ми е исполнето и ми дава енергија и адреналин да направам уште поубави и поквалитетни производи за да се радуваме заедно.

Како дел од основна рутина во летниот период би ги препорачала за лице полесните креми како што се:
1. Кремата за лице со шеа путер и смиљ,
2. Кремата со хијалурон за длабока хидратација,
3. Кремата со екстракт од кавијар која е доста богата, но во својот состав има и алое вера за хидратација и можност да се впијат останатите состојки во кожата,
4. Маслениот серум од морков е одличен за природна заштита и за освежување на уморната кожа,
5. Маслениот серум од невен и камилица и бадемови глицериди е фантастичен за смирување и регенерација на кожата,
6. Најновата крема за лице со СПФ 30 е производ кој долго го мислев, а претходеше на постојани барања од потрошувачите да создадам нешто на природна база, а да биде со заштитен фактор, па така излезе овој производ кој е многу баран, а ефектите за заштита се неверојатни.

За тело би ги издвоила:
1. прекрасниот Tripple Body Butter, со трите најубави путери за нега на кожа-манго, шеа и какао путер, кокосово и бадемово масло и јојоба,
2. Тројниот пилинг путер кој исто така ги содржи трите путери и прекрасни масла, но како пилинг имаме три варијанти-со брашно од семки од бадем, со кафе и со камилица,
3. Најновиот 24 часовен хидратантен лосион за тело со масло од семки од кајсија, шеа путер, јојоба и алое вера, кој е одличен за после сончање и бањање во море или базен.

Да не ја заборавиме и заштитата на косата. Таа исто постојано се суши од сонцето, морската вода и од хлорот од базените. Па tilia.organica направи прекрасна маска за коса со свилени протеини кои го обвиткувааат влакното и даваат заштита, мекост и сјај на косата.

А сапуните на tilia.organica се моето ремек дело. Со прекрасни ладно цедени масла и путери, даваат одлична нега за секаков тип на кожа. Го балансираат липидниот слој на кожата, не ја сушат, ја хидрираат, па ги препорачувам секогаш било да е лето или друго годишно време.

Трн: Што би било вашето златно правило за здрава и негувана кожа на високи температури?

Тања: Јас секогаш им велам на моите клиенти-ниедна крема и производ за нега на кожата го нема ефектот како добар сон, добра исхрана, добро расположение, секојдневно движење, редовно спортување, танцување, рекреација и бегство од токсични средини.

Затоа моето златно правило е-ако ти е душата среќна и со позитивни мисли, тогаш и кремите со природни состојки кои ќе ги нанесеме на нас ќе имаат позитивен ефект и кожата ќе ни биде свежа и здрава.

Уживајте во летото, користете го сонцето и морето како благодети дадени од природата и заштитете ја кожата со производи од природата, подалеку од хемиски и индустриски создадени производи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс