Поради реализација на планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре, петок, 5 јуни, делови од три скопски општини ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Како што е најавено, први без струја во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од местото викано Рудина во селото Добри Дол.
Истовремено, од 09:00 до 14:00 часот, планиран прекин на струјата ќе има за жителите од дел од улицата „1“ и улицата „21“ во населбата Радишани.
Последен на списокот за утрешните интервенции е дел од улицата „Стар Качанички Пат“ во Визбегово, каде прекинот ќе трае од 10:00 до 14:00 часот.
Од ЕВН Македонија информираат дека по завршување на планираните технички активности на терен, снабдувањето со електрична енергија веднаш ќе биде нормализирано.