По речиси целодневна борба со огнената стихија, пожарот што се закануваше да зафати голема површина од Националниот парк Пелистер, доцна синоќа конечно беше ставен под контрола.
Поголема катастрофа била спречена благодарение на интервенциите на „Ер тракторите“ и брзата акција на пожарникарите од Ресен и Битола и другите служби на терен. Во гаснењето учествуваа и вработени од НП „Пелистер“, јавните комунални претпријатија и службите за управување со кризи и заштита и спасување.
Дежурните екипи остануваат на терен за целосно догаснување и за спречување евентуално повторно активирање на огнот.
Инаку, утрово до 7:30 часот регистрирани се 27 пожари на отворено.
Од нив, 17 се изгаснати, осум се активни, додека два поажри се држат под контрола.