Два воени авиона на Србија денеска, 6 ноември, пресретнале патнички авион на „Виз ер“ на релацијата Брисел – Софија, откако била примена дојава за бомба, соопшти српското Министерство за одбрана.
Ловците го идентификувале авионот и го придружувале до границата со Бугарија, по што се вратиле на матичниот аеродром во Батајница. N1 info
Дојава за бомба ја активирала воената авијација
Интервенцијата почнала по известување од Контролата на летање на Србија и Црна Гора, СМАТСА. Во највисок степен на готовност биле ставени и дел од противвоздушните единици, како и силите за трагање и спасување.
За време на пресретнувањето воените авиони го пробиле звучниот ѕид. Министерството објасни дека тоа е причината за звуците налик на детонации што околу 10:30 часот ги вознемириле граѓаните на Шумадија.
Од Министерството изразиле жалење поради вознемирувањето, нагласувајќи дека во вакви ситуации е неопходно пресретнувањето да се изврши што побрзо. Blic
Инцидентот следува по повеќе закани за бомби во европскиот воздушен сообраќај неделава. На 2 ноември друг авион на „Виз ер“, на линијата Лондон – Софија, беше пренасочен во Будимпешта и придружуван од унгарски воен авион.
