Пожар на Китка: Грижата за природата е наша одговорност

Еден загрижен читател ни ги испрати фотографиите од пожарот на Китка, кои сведочат за големината на огнената стихија и штетата што ја предизвикува. Фотографиите ги споделуваме со надеж дека ќе ја подигнат свеста за сериозните последици од палењето стрништа и неодговорното однесување кон природата.

Пожарот на Китка ги загрижи сите љубители на природата, бидејќи несовесното палење стрништа повторно предизвика сериозна закана за зелените површини. Многу делови од шумите и природата се уништени поради неодговорното однесување на граѓаните. Се надеваме дека дождот ќе помогне во целосно гаснење на пожарот и дека огнот нема да се прошири понатаму. Важно е сите да бидеме свесни за последиците и да се грижиме за природата, за да спречиме вакви катастрофи во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни