На терен веднаш се вклучија регионалните противпожарни единици од Струмица, заедно со доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис”. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека поради зголемената опасност од ширење на пожарот и заканата по црквата, во секој момент ќе полетаат и два ер-трактори на Дирекцијата, кои ќе им се приклучат на пожарникарите во гаснењето.
Во заштитата на храмот се вклучија и мештани од селото, кои заедно со професионалните екипи помагаат пожарот да не го зафати верскиот објект.
Воздушната поддршка се очекува да започне наскоро, со цел да се спречи натамошното ширење на огнената стихија кон населените места и кон црквата.