Голем пожар во Британија се приближи до нуклеарна централа, евакуирани стотици луѓе

Во Сафолк е прогласена состојба на голема несреќа поради пожар што се приближи на помалку од пет километри од нуклеарната електрана Sizewell B. Евакуирани се стотици луѓе.

Во британскиот округ Сафолк е прогласена состојба на голема несреќа поради пожар на отворено што се приближил на помалку од пет километри од нуклеарната електрана Sizewell B.

Со огнот во областа Данич Хит се борат околу 90 пожарникари, пишува The Telegraph. Пожарот избувнал во средата околу 17:30 часот кај Coastguard Cottages, имот во сопственост на National Trust на брегот на Сафолк, по што брзо почнал да се шири кон југозапад.

Нуклеарната електрана засега не е загрозена

Пожариштето се наоѓа на околу 4,8 километри од нуклеарната електрана Sizewell B, која произведува три проценти од вкупната електрична енергија во Велика Британија.

Од противпожарната и спасувачка служба на Сафолк соопштија дека пожарот не претставува директна опасност за постројката, бидејќи електраната има сопствена безбедносна инфраструктура за заштита од пожар.

Сепак, службите предупредуваат дека состојбата е променлива и непредвидлива, па јавноста ќе биде информирана за сите нови детали.

Евакуирани стотици луѓе од туристичко населба

По избувнувањето на пожарот, во текот на ноќта биле евакуирани стотици луѓе од туристичкото населено место Cliff House Holiday Park.

Од населбата биле испразнети околу 200 камп-куќички, додека пожарникарите продолжуваат со обидите да го стават огнот под контрола.

Гаснењето го отежнуваат жештината и ветерот

Противпожарните служби проценуваат дека гаснењето на пожарот ќе трае најмалку уште два дена.

Работата на екипите ја отежнуваат високите температури и ветерот, кои придонесуваат за побрзо ширење на огнот.

Пожарот доаѓа во период кога Велика Британија се соочува со нов топлотен бран, по повеќе денови со рекордно високи температури.

Експертите претходно предупредуваа дека земјата може да се соочи со „исклучително разорни“ пожари како последица на сушните и жешки временски услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс