Повторно одложено враќањето на американските астронаути од Меѓународната вселенска станица

Мисијата за враќање на двајцата американски астронаути заглавени во вселената повторно е одложена, објави во средата американската вселенска агенција НАСА.
Фото: НАСА

Двајца членови на екипажот на Старлајнер, Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, се на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни, иако требаше да останат само една недела.

НАСА и SpaceX го откажаа обидот да го лансираат Crew Dragon 10 кон МВС поради технички проблем во последен момент.


Екипажот 10, вклучувајќи ги астронаутите на НАСА Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување Такуја Ониши и космонаутот на Роскосмос Кирил Песков, ќе го заменат екипажот 9 кога ќе пристигнат на МВС.

НАСА соопшти дека екипажот 9, со астронаутите на НАСА Ник Хејг, Вилијамс и Вилмор, заедно со космонаутот на Роскосмос Александар Горбунов, ќе ја напушти вселенската станица најдоцна до 17 март, во зависност од временските услови на брегот на Флорида.

Вилијамс и Вилмор пристигнаа на МВС на почетокот на јуни на првиот пробен лет со екипаж на вселенското летало Старлајнер на Боинг. Тие требаше да останат на МВС само една недела, но бројните технички проблеми со леталото ги оставија таму.

Старлајнер е вселенско летало кое се состои од капсула на екипажот висока три метри и сервисен модул. За разлика од возилото Crew Dragon изградено од SpaceX на Илон Маск, Старлајнер не слетува на вода туку на суво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни