Повторно ескалираат инцидентите во Ормускиот теснец, привремениот договор Иран-САД во криза

Иранската револуционерна гарда предупреди дека продолженото странско мешање може да предизвика поголеми инциденти во нафтениот и гасниот сектор, редовниот бродски сообраќај низ Ормускиот теснец може да продолжи само откако ќе завршат американските воени операции во регионот, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава следува по тврдењето на американската војска дека Иран отворил оган врз брод што се обидувал да го премине теснецот меѓу Иран и Оман, дел од инцидентите кои ескалираат и фрлаат сомнеж врз опстанокот на привремената спогодба меѓу САД и Иран постигната минатиот месец. Техеран изјави дека го затворил водниот пат доцна во саботата, откако испукал предупредувачки истрел кој погодил брод што пловел по неовластена рута, а потоа во недела онеспособил уште еден брод, предупредувајќи дека бродовите не смеат да пловат без нивно овластување.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави во дека привремената спогодба со Вашингтон, без сомнеж, влегла во фаза на криза, инсистирајќи дека Иран никогаш не бил првиот што ги прекршил своите обврски според договорот. Тој рече дека нападите на Иран врз земјите од Заливот биле насочени исклучиво кон американските воени позиции, а не кон самите земји-домаќини и дека Техеран повеќепати барал од регионалните влади да не ѝ дозволат на САД да ја користат нивната територија за напади врз Иран.

Багаи додаде дека неодамнешните разговори во Оман биле фокусирани на управувањето со Ормускиот теснец, а не на пошироки спорови и го обвини Вашингтон дека активно ги попречува напорите на Иран да постигне заеднички механизам за управување со теснецот заедно со Оман. Тој рече дека Техеран нема да ги почитува условите на привремената спогодба сè додека САД продолжуваат да не ги исполнуваат сопствените обврски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс