Повеќе скопски улици денеска без вода поради водоводен приклучок

Прекинот на водоснабдувањето ќе започне од 9:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Повеќе улици во Скопје денеска останаа без вода поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мите Богоевски“ без број, кај „Зур маркет“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето започна во 9:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Мите Богоевски“, „Дванаесетта македонска бригада“, „Илија Димовски – Гоче“, „Димитар Македонски“, „Ван Гог“, „Архитект Сотир Томовски“, „Црноризец Храбар“, „Митре Влаот“, „Благоја Мучето“, „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“, „Димитар Благоев“ и дел од улицата „Тодор Чангов“.

Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс