Повардарие доби нова дигитална платформа за економски развој и туризам

Новата веб-платформа www.povardarie.mk треба да ја зајакне регионалната промоција, локалниот економски развој и соработката меѓу 11 општини во Повардарскиот регион.

Со цел зајакнување на локалниот економски развој и промоција на регионалните потенцијали, Организацијата за менаџмент на дестинации (ДМО) ја промовираше новата веб-платформа www.povardarie.mk, со што Повардарие прави важен чекор кон позиционирање како препознатлива регионална дестинација на европската и светската мапа.

Формирањето на ДМО „Повардарие“ е резултат на долгогодишна поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ за општините“. Станува збор за прва меѓуопштинска соработка од ваков обем во Македонија, во која 11 општини ги здружуваат своите капацитети за заеднички туристички, културен и економски развој.

Преку овој проект, Повардарскиот регион станува видлив и достапен за меѓународната јавност, овозможувајќи модерен пристап до туристичките и економските вредности на локалните заедници. Општините веќе ги препознаа придобивките од ваквата соработка, што се потврдува и преку нивната подготвеност за кофинансирање и инвестирање сопствени средства во долгорочната одржливост на иницијативата.

Ваквата меѓуопштинска соработка се препознава и како механизам за побрз развој и подобра искористеност на ресурсите преку веќе воспоставените функционални тела на организацијата. На овој начин, локалните власти покажуваат подготвеност стратешки да инвестираат во иднината на регионот, што е една од целите за одржливост на програмата „ЕУ за општините“.

Веб-платформата овозможува централизирана презентација на туристичките понуди, локалните бизниси и настани, како и директна интеракција со посетителите. Таа е дизајнирана како функционален и одржлив мост помеѓу јавниот и приватниот сектор, овозможувајќи им на локалните компании директно да објавуваат специјални понуди и да станат активни учесници во регионалниот развој.

Овој инклузивен пристап носи директни придобивки за граѓаните преку отворање нови економски можности и подобрување на квалитетот на услугите. Веб-страницата е поставена како долгорочна алатка која ќе овозможи континуирана и транспарентна промоција на локалниот туризам.

Во изминатите шест години, програмата „ЕУ за општините“ постигна значајни резултати во зајакнувањето на капацитетите на локалната самоуправа во Македонија. Обучени се 1.500 претставници од општините и планските региони, а 27 обучувачи се (ре)сертифицирани, со што се обезбедува долгорочно јакнење на институционалните капацитети.

Воспоставен е национален Helpdesk систем кој обезбедува континуирана поддршка, додека програмата директно ги поддржа сите 81 општина во државата. Дополнително, реализирани се 8 ЕУ-финансирани грант проекти, а воспоставени се партнерства со повеќе од шест земји членки на Европската Унија, меѓу кои Германија, Франција, Грција, Шпанија, Белгија и Латвија.

Во делот на учество во европските програми, вкупно 274 Интеррег проекти вклучуваат партнери од Северна Македонија, додека дополнително се регистрирани 78 проекти од тип Б и Ц, како и 88 прекугранични проекти со соседните земји.

Овие резултати потврдуваат дека поддршката на Европската Унија преку програмата „ЕУ за општините“ има значително влијание врз подобрување на административните капацитети, зголемување на учеството во ЕУ програмите и унапредување на локалниот развој во Северна Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни